Поврзи се со нас

Други спортови

Поранешниот тенисер помина осум часа заклучен во ресторан за време на терористичкиот напад во Виена

Во центарот на вниманието на светската јавност е терористичкиот напад што се случи синоќа во Виена.

Вистински хаос владееше синоќа во центарот на Виена, а австриската полиција соопшти дека во нападот загинале три лица. На сето ова беше сведок поранешниот тенисер Николас Масау, кој некако успеа да се скрие од напаѓачите.

Масау вечераше во еден од рестораните во центарот на Виена и немаше идеја каков хаос се создава. За среќа, вработените во ресторанот веднаш реагирале и го заклучиле барот, а гостите се скриле.

За време на целиот хаос, поранешниот тенисер се огласи на Твитер и рече дека е многу близу до нападот, и дека е заклучен во ресторан.

“Здраво луѓе. Јас сум многу близу до нападот во центарот на Виена и сме затворени во ресторан и чекаме да можеме да заминеме. Ви благодарам за пораките”, напиша Масау.

Во моментов работи како тренер и беше во Виена на подготовки со Доминик Тием пред да настапи на Мастерсот во Лондон. За среќа, никој во тој ресторан не е повреден и во раните утрински часови полицијата им дала дозвола да заминат и да одат на сигурно.

“Здраво на сите. Сега сум во хотелот, добро сум и мирен по многу страв. Бевме затворени во ресторанот осум часа заради безбедност. Ви благодарам уште еднаш за пораките”.

loading...

Facebook