Connect with us

Ракомет

Поранешниот тренер на Вардар предлага револуционерно решение за спас на ракометот

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ во разговор за Спортске новости, ијзави дека неговиот конкретен предлог погодоците од 10 метри да се сметаат како два, би им дало шанса на екипите со добри шутери полесно да ја стигнат негативата, под услов да постигнуваат голови.

-Мојот предлог е головите од далечина од 10 метри се сметаат како два, со тоа ќе се даде шанса на екипите да ја стигнуваат негативата. Тоа на играта би и дало сосема поинаква димензија, особено од шутерската страна, вели Вујовиќ.

Воедно Вујовиќ вели дека и во ракометот би требало да се воведе ВАР технологија со што бројот на грешки би бил значајно помал.