Тајмаут
Од НБА директно во фудбалот, го добивме највисокиот фудбалер во историјата (ВИДЕО)
Поранешниот НБА кошаркар Павел Подколзин стана највисокиот фудбалер во светот откако заигра за Амкал во ФОНБЕТ Купот на Русија.
Подколзин е висок 226 сантиметри, а професионалната кариера под обрачите ја заврши во 2019 година во дресот на Универзитет Југра од Сургут. Од 2004 до 2006 година беше член на Далас Маверикс, за кој одигра шест натпревари.
Русинот во 2004 година беше 21. пик на Јута Џез на НБА драфтот.
Четириесетгодишникот по кошаркарската кариера се посвети на фудбалот, а на 19 август 2025 година стана највисоката личност во историјата на фудбалот, откако започна како стартер во натпреварот од Купот на Русија против Калуга.
Амкал загуби на домашен терен со 1:0.
View this post on Instagram