Други спортови
Порано два пати ја освои Формула 1, а сега опасен и во релито Дакар
Некогаш го гледавме во познатите болиди, но Шпанецот очигледно сакаше да се испроба во поголем предизвик. Фернандо Алонсо кој во 2018 година се прости од Формула 1, сега се натпреварува во релито Дакар.
На своето деби на ова рели, Шпанецот вози во друштво на навигатор, петкратен победник на Дакар во конкуренција на мотоциклисти, Марк Кома. Тие 15 минути и 27 секунди заостанаа зад победникот на етапата и завршија на 11 место.
Втората етапа се вози од Ал Ваја до Ноем, а долга е 392 километри. Бранителот на титулата Насер Ал Атија, кој водеше повеќе од 200 километри, заврши на четвртото место поради механички проблеми.