Connect with us

Фудбал

Порано играше со големиот Роналдо, а денес работи како ѕидар за да преживее (ВИДЕО)

Играше во Серија А, ја делеше соблекувалната со најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, а денес едвај врзува крај со крај.

Поранешниот италијански фудбалер Фабио Мачелари има неверојатна животна приказна.

Беше голем талент на италијанскиот фудбал, играше за Лече, Каљари, Интер, Болоња. Заработил огромни пари во кариерата, а потоа изгубил се, па морал да работи како келнер, пекар, шумар, ѕидар за да преживее.

Мачелари во 2000 година, кога за седум милиони евра пристигна во Интер, каде соиграч му беше големиот Бразилец Роналдо, не ни сонуваше дека еден ден ќе ги работи најтешките можни работи за да заработи за живот.

За жал, Италијанецот им се придружи на многу колеги кои преку ноќ се збогатија, а потоа се свртеа кон пороците и со тоа им ги уништија животите и кариерата.

„Имав седум асистенции во осум натпревари. Се чувствував најсилен од сите на левата страна, ги скршив ривалите. Потоа се повредив и се опуштив. Закрепнувањето траеше четири и пол месеци, па имав многу слободно време. Потоа пробав кокаин“, открива Италијанецот и додава:

„Имате се, жени на пример… Но тоа не е доволно. Првпат пробав кокаин кога бев дома во Болоња. Станува посилно од тебе, така оди кога си арогантен. Некои работи треба да се остават, не треба да ги земеш, дури и ако се чувствуваш како Супермен“.

Дрогата го одвлече во друг свет. Целосно се изолирал и завршил сам.

“Постои паралелен свет поврзан со кокаинот. Таа нормалност веќе не беше доволна. Мислам дека бев и зависник од секс. Имаше жени од насловните страници, кои не ги гледаш во нормалниот живот. Тоа што велиш ‘остани еве со мене, ти плаќам затоа што можам да си го дозволам тоа“, е нешто што ти удира од глава потоа“.