Connect with us

Фудбал

Пораз на Бордо, Ремс го изненади Марсеј

На стартот од француското фудбалско првенство фидбалерите на Анжер во саботата на свој терен славеа над Бордо со 3:1, а Олимпик Марсеј на својот „Велодром“ беше поразен од Ремс со 0:2.

Стрелци за Анжер беа Џеф Рејн-Аделаид во 27, Матиас Переира Лаге во 33 и Томас Мањани во 45 минута, а единственито погодок за Бордо го постигка Николас де Превил уште во 4 минута од натпреварот.

Фудбалерита на Марсеј разочараа на почетокот од првенството, откако гостите од Рем славеа со головите на Булеи Диа во 58 и Јун Џун-сук во 90 минута.

И Монпелје новата сезона ја започна со домашен пораз, и тоа од Рен. Стрелец за гостите беше Жереми Морел уште во 6 минута. Монпелје не успеа да ја искористи и предноста на играч повеќе, откако во 69 минута во гостинската екипа црвен картон доби Флавие Тет.

Сен Етјен со двата рани голови, на Ромен Амума во 5 и Жан-Еуде Аолу во 11 минута создаде предност на гостувањето кај Дижон за кој во 34 минута од пенал успеа да намали Хулио Таварес.

Брест поведе пред своите навивачи во 25 минута со голот на Матиас Отре, но гостите од Тулуз спасија бод благодарејќи на прецизноста на Етимис Кулурис во претпоследната минута од мечот.

Најинтересниот дуел во саботата го одиграа Ница и Амјен, а домашните во возбудливиот финиш ја остварија првата победа сезонава. Во 27 минута од игра кај Амјен беше исклучен Еди Гнаоре, а само пет минути подоцна Кристоф Ереј ја доведе во предност Ница. Гостите и со играч помалку успеаја да израмнат во 81 минута преку Шадрак Аколо, но во петтата минута од судиското продолжение Данте се погриќи трите бода да останат во Ница.

Во петокот Луон со 3:0 беше убедлив на гостувањето кај Монако. Стрелци за Луион беа Муса Дембеле веќе во 5 минута, потао Мемфiс Депаји во 36 и Лукас Тузар во 80 минута. Во 27 минута од мечот, главниот арбитар Руди Буке му покажа жолт картона Сеск Фабрегас за груба игра, но по само три мунути по помош на ВАР системот, ја смени својата одлука и го исклучи од игра.

Во недела на програмата се натпреварите: Лил – Нант, Стразбур – Мец и Пари Сен Жермен – Ним.

Извор: Нетпрес

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com