Пораз на Еурофарм кај Веспрем во СЕХА лигата

Македонскиот ракометен вицешампион, Еурофарм Работник претрпе очекуван пораз од Веспрем на вечерашното гостување во Унгарија во рамките на СЕХА лигата.

-текстот продолжува по рекламата-

Домашниот состав славеше убедливосо 35:24 и му се реваншираше на Еурофарм за поразот на првата средба во октомври во Битола. Телеком Веспрем прашањето на победникот го реши уште во првиот дел кој го заврши со сигруно водство од 17:10,  а во второто полувреме само рутински го приведе до крај натпреварот.

Нилсон и Гајиќ  постигнаа по пет голови, додека македонскиот репрезентативец Дејан Манасков беше стрелец на четири погодоци. Кај Еурофарм листата на стрелци ја предводеше Петровски со четири погодоци.

Loading...