Connect with us

Фудбал

Пораз на Македонија од Црна Гора

По ремито 1:1 против Молдација, македонската фудбалска репрезентација не успеа да победи ниту во вториот пријателски меч во Анталија. Попладнево избраниците на селекторот Благоја Милевски загуби од Црна Гора со 1:0. Селекторот на Црна Гора настапи со сосема различен тим во однос на оној кој играше против Белорусија, каде само Јоветиќ се најде во екипата. Македонија имаше иницијатива на теренот, но попусто кога не успеа да постигне гол. Колку бевме лоши во нападот доволно говори податокот дека по примениот гол не создадовме ниту една шанса сериозна за израмнување.

Со биланс од едно реми и пораз Македонија го заврши овој циклус предвиден за ФИФА термин односно репрезентативни настапи.