Фудбал
Пораз на Наполи и Елмас, Лацио скокна на второто место (ВИДЕО)
По серијата од осум победи во низа во Серија А, Наполи е поразен на домашен терен од Лацио со 0:1. Единствениот гол го постигна Матијас Весино во 67-ма минута. Наполи беше подобар, но не успеа да погоди. Секако Наполи останува лидер со 63 бодови, но сега Лацио е втор со 48, барем до комплетирање на ова коло, прен Интер и Милан со 47 кои имаат меч помалку. Елиф Елмас играше од 71-ва минута.