Фудбал
Поразен во дербито, Мурињо исмеван од таткото на ѕвездата на Челзи!
Челзи вчера триумфираше на дербито против Тотенхем со резултат од 0:2 со тоа што Вилијан беше синиот херој. Мурињо го доживеа и својот прв пораз на домашен терен како тренер на Тотенхем.
Таткото на Мејсон Монт, во објавата на својот профил на Твитер го исмеваше Жозе Мурињо. Тони Монт објави фотографија од Мурињо, каде во натписот постави „емоџи“ со затворен уста како да означува дека „Специјалниот“ треба да ја затвори устата.
