Кошарка
Портланд иако имаше предност беше поразен од Шарлот
Кошаркарите на Портланд Трејл Блејзерс синоќа беа поразени на гостувањето кај Шарлот Хорнетс со 125:113.
Портланд не успеа да дојде до победа иако имаше предност по првото полувреме. Сепак, Шарлот во продолжението од натпреварот успеа да го сврти резултатот во своја полза.
Првата четвртина им припадна на гостите кои имаа предност од 29:27, додека паузата замина на резултат 60:53 за тимот на Портланд.
Но, Шарлот одигра многу подобро во остатокот од натпреварот. Третиот период домашните го добија со 36:28, додека во последните десет минути беа значително подобри од Портланд.
На крајот Хорнетс забележаа победа од 125:113 и дојдоа до само втората победа во новата сезона. Портланд, пак, има три победи и исто толку порази.
Шарлот го предводеше Бол до победата со 27 поени, девет скока и седум асистенции, а одличен беше Оубре со 26 поени, седум скока и пет асистенции.
Во тимот на Портланд најдобар беше МекКолум со 25 поени, осум асистенции и два скока.
Jusuf Nurkic já abriu os trabalhos para os Blazers em Charlotte! ???#NBA75 #RipCitypic.twitter.com/GRY7RDPV8k
— Camisa 23 (@camisa_23) October 31, 2021
Треба да се напомене дека ЛА Лејкерс го победија Хјустон Рокетс со 95:85, додека Бруклин Нетс беа подобри од Детроит Пистонс со 117:91.