Фудбал
Португалецот од Сити постигна четири гола за Манчестер Јунајтед и славеше како Роналдо
Новиот начин на прославување на головите на Кристијано Роналдо го зафати светот во последните недели. Сепак, Португалецот тешко дека е задоволен од својот 18-годишен сонародник Карлос Борхес, кој исто така реши да слави како него.
Борхес е дел од академијата на градскиот ривал на Јунајтед, Манчестер Сити. На натпреварот помеѓу младинските екипи на „црвените ѓаволи“ и „граѓаните“, младиот Португалец постигна четири гола во победата со 6:1. Откако го комплетираше својот хет-трик, Борхес реши да слави во стилот на „Кристијано Роналдо “.
Carlos Borges fez um póker no jogo de sub-21 contra o Man United e fez o festejo de Ronaldo 😴 pic.twitter.com/G1yOkkcdXE
— B24 (@B24PT) November 5, 2022