Connect with us

Тајмаут

Португалски новинар потврди: Роналдо ја запроси Георгина! (ВИДЕО)

Фудбалерот на Јувентус организираше забава за најблискиот круг на своите луѓе, на која, според некои информации, ја запросил својата долгогодишна девојка Георгина Родригез.

Кристијано Роналдо очигледно ќе влезе во новата сезона во улога на сопруг. Португалецот го помина годишниот одмор на својата скапа јахта во Медитеранот, обиколувајќи ги местата како Сент Тропе и Маралока.

Тие го зачинија сето тоа на самиот крај на одморот организирајќи гламурозна забава на која присуствуваа и нивните најблиски пријатели. Георгина не знаеше што организира Кристијано.

Извори велат дека Португалецот клекнал пред неа веднаш штом започнала забавата, а таа се согласила без двоумење, што предизвикало ентузијазам кај присутните на кои Роналдо не им соопштил ништо.

loading...

Според „Ману Гутиерез“, новинар кој откри сè во една емисија на една шпанска телевизија, венчавката нема да се одржи наскоро, но нема сомнение дека луксузот и гламурот нема да изостанат на тоа.

 

View this post on Instagram

🌹

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com