Фудбал
Португалските клубови се во неочекуван проблем
Шампионатот во Португалија продолжува на 4 јуни.
На Португалците им беше дадено зелено светло, но не сите клубови ќе можат да играат на своите стадиони.
Само десет од нив добија дозвола од здравствените власти кои ги исполнуваат сите услови.
Дозволи добија на стадионите во Бенфика, Спортинг Лисабон, Порто, Виторија Гимараес, Тондела, Брага и Портимоненсе.
Некои клубови се уште чекаат потврда за добивање дозвола.
Не се издадени дозволи за стадионите на Боавиште, Деспортива Авеса, Гил Висенте, Виторија Сетубал и Рио Авеа.
Тие ќе мора да поминат уште една инспекција и да се надеваат на позитивни вести.