Фудбал
Посакуван од Баерн: Нема да брзам да одлучувам за мојата иднина
Напаѓачот на Штутгарт, Саша Калаиџиќ изјави дека не исклучува никаква опција за неговата иднина поради различните извештаи кои го поврзуваат со тимови од Бундеслигата и Премиер лигата. Меѓу споменатите имиња се и германските гиганти Баерн Минхен и Борусија Дортмунд .
„Нема да брзам да донесам одлука. Ќе се обидам да изберам што е најдобро за мене. Отворен сум за сите опции. Не знам каде ќе ме одведе моето патување во фудбалот. Многу работи се случуваат во позадина“, изјави Калајдиќ , цитиран од Манчестер Ивнинг Њуз.
24-годишниот австриски фудбалер се опорави од повредата на рамото и на последните 11 натпревари постигна 6 гола. Германскиот магазин Кикер тврди дека Штутгарт би се разделил со Саша Калајџиќ за околу 20 милиони евра. Фудбалерот во моментов се подготвува со репрезентацијата на Австрија за претстојните натпревари од турнирот во Лигата на нации.