Ракомет
Последна година за Червар – се бара наследник
Искусниот тренер по ЛОИ 2020 ќе си замине од клупата на „каубоите“, а ќе треба да се бира ново име. Гобац истакна дека новиот селектор на Хрватска ќе го одбере токму Лино Червар.
„Влегуваме во последната година на селекторскиот мандат на Лино Червар, нашиот далеку најуспешниот тренер. Лино Червар е тренер кој Хрватска ја дигна од дното и ја доведе до титулите на светски и олимписки шампиони. Новиот селектор ќе го одбере Лино Червар, во соработка со федерацијата“, изјави Гобац.