Connect with us

Фудбал

Последни моменти од преодниот рок: Драма во Ливерпул, Сити остана без напаѓач

Зимскиот преоден рок завршува, се одбројуваат последните моменти, а се чини дека англиските тимови за крај ги оставиле возбудувањата.

Голема драма е во Ливерпул. Во моментов се водат преговори помеѓу „Црвените“ и Шалке околу трансферот на Озак Кабак, а се би требало да биде познато околу 17 часот.

Англичаните денеска официјализираа пет трансфери. Хари Пикеринг е нов фудбалер на Блекбурн. Трој Перот од Тотенхем замина во Ипсвич, а Кеке Симондс го напушти Манчестер Сити и до крајот на сезоната ќе игра во Бирмингем Сити.

Лидс го испрати Рафа Мујица на позајмица во Лас Палмас, додека синот на Денис Бергкамп, Мичел кариерата ќе ја продолжи во Ватфорд. ВБА се надева дека во последните моменти ќе донесе напаѓач кој ќе му помогне во биткат за опстанок. Наводно до 16 часот ќе испратат последна понуда до Њукасл за Енди Керол.