Connect with us

Фудбал

Последни септемвриски битки во Лигата на нациите

Тбилиси, 8 септември 2020 (МИА) – Денес е последниот ден од натпреварите во Лигата на нациите во септември. Вечерва се играат последните 9 натпревари од второто коло на турнирот. Повторно, ќе можеме да гледаме многу интересни судири на теренот на Стариот континент.

За нас најинтересен е дуелот во Тбилиси, каде македонската репрезентација гостува ан селекцијата на Грузија. „Жолто-црвените“ ќе бркаат втора победа во новото издание на натпреварувањето, откако изминатиов викенд во Скопје ја совладаа Ерменија со 2:1.

Традиционално, највозбудливите натпревари се од Лигата „А“. Светскиот првак Франција е домаќин на Хрватска во обид да оствари втора победа во групата 3. Ова ќе биде своевидно повторување на финалето на Светското првенство во Русија во 2018 година. Доста возбудлив е и другиот натпревар од групата, во кој се соочуваат Шведска и Португалија.

Интерес буди и натпреварот помеѓу Данска и Англија во групата 2, а на другиот натпревар од групата Белгија е домаќин на Исланд во потрага по 12-от последователен успех на нивна сметка.

Лига на нации, 2. коло:

Лига „А“

Белгија – Исланд
Данска – Англија
Франција – Хрватска
Шведска – Португалија

Лига „Ц“

Ерменија – Естонија
Грузија – Северна Македонија
Кипар – Азербејџан
Луксембург – Црна Гора

Група „Д“

Сан Марино – Лихтенштајн

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com