Connect with us

Фудбал

„Последните мохикани“ ја напуштаат Барса

Трите легенди на Барселона Жерар Пике, Серхио Бускетс и Жорди Алба, од кои двајца беа вклучени во освојувањето на тројната круна во 2009 година, сигурно ќе си заминат на крајот од оваа сезона.

Пике, Бускетс и Алба, зад чии имиња се запишани најголемите успеси во поновата историја на клубот, немаат иднина на Камп Ноу и тоа го знаат. Потврда не е само малата минутажа што ја добиваат во новата сезона, туку и визијата на Чави која јасно им е претставена.

Кавгата помеѓу Чави и Пике им е добро позната на навивачите и медиумите, а клубот сака дефанзивецот да ја заврши кариерата на крајот од сезоната. Бускетс е речиси сигурно дека ќе си замине и најверојатно ќе ја продолжи кариерата во САД, каде има интерес за него, додека Алба беше замолен да најде нов тим уште минатото лето со преселба во Интер што никогаш не се оствари.

Нивното заминување сигурно ќе стави крај на една ера во историјата на Барселона, ера за која слободно може да се каже дека е најуспешната во постоењето на клубот, во која Каталонците освоија три титули во Лигата на шампионите и осум во домашното првенство.