Други спортови
Последните шест години мојот живот е ужасен
Поранешниот американски велосипедист Ленс Армстронг, призна дека неговиот живот во последните шест години е ужасен. Армстронг подолго време беше сметан за еден од најдобрите велосипедисти на сите времиња и седум пати беше победник на најпрестижната трка Тур де Франс, меѓу 1999 и 2005 година.
Беше обвинет за допинг, но ги отфрли тие обвинувања и на крајот се призна во 2012 година кога и беше суспендиран од Светската велосиптетска федерација (УЦИ), односно му беше забрането да се занимава со велосипедизам.
Во разговор за една американска телевизија, Армстронг изјави дека во остатокот од својот живот ќе се обиде да им се извини на сите кои ги повредил и измамил. Исто така додаде и дека животот му е ужасен во последните шест години.
Исто така тој смета дека на крајот послужил како жртвено јагне се со цел да се сокријат другите валкани работи во велосипедизмот.
-Би сакал да се вратам низ времето и да ја освојам Тур де Франс седум пати во низа против сите кои живеаат на леб и вода. Тоа е она што сакам иво што верувам дека може да се случи.