Connect with us

Фудбал

Последното видео од починатиот руски фудбалер: Презадоволен од неговото мајсторство, неколку часа подоцна почина

Фудбалскиот свет вчера беше потресен од информациите за смртта на 22-годишниот фудбалер на Локмотив од Москва, Инокенти Самохвалов.

Самохвалов починал поради срцев удар за време на индивидуалниот тренинг, бидејќи бил принуден да тренира во изолација поради пандемија на коронавирус.

Непосредно пред смртта рускиот фудбалер објави видео од неговите вештини со тениско топче, кое досега има над милион прегледи.

Видеото беше објавено на профилот на Инстаграм на познатата страница 433 во кое се објаснува дека Самховалов лично испратил снимка од неговата уметност.

Патем, Самоховалов е член на Локомотив од 2015 година, а воглавно играше во резервниот тим, третиот тим Казанка. Тренерот на московскиот тим Александар Гришин беше шокиран.

„Ова е грозно. Ако лекарите му дозволија да тренира, мора да претпоставиме дека тој нема здравствени проблеми. Бевме информирани дека има проблеми со срцето“, рече Грисин.