Фудбал
Постарите добро се сеќаваат, помладите можат на Јутјуб да гледаат, со златни букви е испишано во историјата, двајца Македонци на денешен ден во 1991 се искачија на врвот на Европа! (ВИДЕО)
На денешен ден во 1991 година, фудбалскиот клуб Црвена звезда го освои Купот на шампионите, откако во финалето го совлада Олимпик Марсеј со 5:3 по подоброто изведување пенали.
Натпреварот се играше во Бари, а бидејќи во регуларните 90 минути немаше голови, се играа продолженија. Во дополнителните 30 минути немаше голови, а потоа „црвено-белите“ победија со 5:3 по изведувањето пенали.
Головите за Звезда од 11 метри ги постигнаа Роберт Просинечки, Драгиша Биниќ, Миодраг Белодедиќ, Синиша Михајловиќ и Дарко Панчев.
Црвена звезда без пораз стигна до најголемиот успех во историјата и со тоа со златни букви влезе во фудбалските анали.
Во тој состав беа македонските фудбалери Дарко Панчев и Илија Најдовски.