Connect with us

Фудбал

Поставена цената за напаѓачот кој го бара “половина” Европа, кој сака нека плати 55 милиони евра

Лајпциг нема да го намали износот на надоместокот за напаѓачот Тимо Вернер. Ова го објави претседателот на клубот, Оливер Минцлаф. За фудбалерот заинтересиран е Ливерпул, се спомнуваат Интер, Јувентус, се спомнуваше и Милан, Наполи, па и Реал Мадрид.

Клубовите имаат рок 15 јуни да го купат Германецот за 55 милиони евра. По овој датум, сумата ќе се зголеми на 64 милиони.

Минцлаф изјави дека клубот нема да прави отстапки.

– Нема да поевтини. Нема да го продадеме играчот под неговата вредност. Имаме целосна контрола над ситуацијата. Јас сум смирен. Тимо има договор уште три години, изјави Минцлаф.