Фудбал
Постигна „хет-трик“ во Лигата на Шампионите, Фердинанд и Гвардиола го кренаа до небо
Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд смета дека Рахем Стерлинг е меѓу петте најдобри играчи во светот во моментов. 24-годишниот играч го постигна својот прв хет-трик во Лигата на шампионите во вторникот во победата на Манчестер Сити од 5:1 над Аталанта. Стерлинг, исто така, постигна шест голови во Премиер лигата оваа сезона.
„Можеме да кажеме многу пофалби за него. Стерлинг е млад англичанец кој одигра многу натпревари. Тој сè уште се подобрува. За мене тој е еден од најдобрите пет играчи во светот во моментов“, рече Фердинанд за „БТ Спорт“.
Англискиот напаѓач многу се подобри под водството на Пеп Гвардиола. Фернананд смета дека шпанскиот тренер е клучен за развојот на Стерлинг.
„Понекогаш сте благословени да имате тренер од кого имате многу работи за да учите. Пеп Гвардиола има голема заслуга, добро го тренираше овој играч со огромен потенцијал“.
Самиот шпански тренер беше скромен кога истакна дека напаѓачот расте благодарение на потенцијалот што го поседува.
„Заслугите одат само за него. Можеби е млад, но тој е совршен. Неговата физичка подготвеност е силна и тој може да одигра цел натпревар. Неговата регенерација е уникатна. Стерлинг е извонреден играч“.