Connect with us

Фудбал

Постигнат договор, sвездата на Барселона преминува во Рома

Рома и Барселона постигнаа договор за трансфер на Карлес Перез, тој во италијанската престолнина ќе пристинге како позајмен играч за 13 милиони евра.

Сепак, сега е на играчот да одлучи дали сака да му се придружи на Рома или не, пренесуваат шпанските медиуми.

Штом Перез ќе прифати, неговиот трансфер од Барселона ќе стане официјален.

21-годишниот, кој пред само четири месеци го обнови својот договор до 2022 година, се нашол во неочекувана ситуација, затоа што откако успеа да биде дел од првиот тим на Барса, му беше речено дека повеќе не е дел од плановите на клубот. Сето тоа заради смената на тренерот.

Рома не е единствената опција на Перез, но за Барселона се вели дека имаат за цел да го затворат договорот што е можно поскоро заради лошата финансиска состојба.

Сепак, сега останува на Перез да одлучи дали сака да се пресели во Рома или не.