Connect with us

Тајмаут

Постојат фотографии како сега изгледа Михаел Шумахер – полицијата го бара авторот

Фотографии на Михаел Шумахер постојат, а сопругата на познатиот возач на Формула 1 ја известила полицијата, која трага по авторот, пренесува британскиот „Мирор“.

Наводно, непознато лице успеало да фотографира неколку фотографии на Мајкл Шумахер во близина на неговиот дом.

Тој се опоравува веќе шест години од повредите што ги здобил додека скијал, но неговата здравствена состојба е мистерија.

„Има фотографии, а според информациите што му се достапни на Корина Шумахер, авторот бара еден милион евра за нив“, тврди Мирор.

„Полицијата прибавила некои информации и трага по непозната личност“, пишува во весникот.

За состојбата на Шумахер не се знае ништо, бидејќи тој претрпе сериозни повреди на крајот на декември 2013 година, нема официјални информации, само шпекулации.

Неговото семејство одби да зборува со медиумите, а неодамна Корина Шумахер рече дека тој е „во најдобри раце и дека сé е направено за да му помогнат“.

Пред околу 20 дена, познатиот неврохирург Никола Ацари рече дека „Шумахер е сигурно различна личност од онаа што ја паметиме“.