Фудбал
Потенцијалниот состав за натпреварот против Барса, Конте се сомнева само во едно
Интер утревечер ќе игра против Барселона на „Џузепе Меаца“, одлучувачки натпревар за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите.
Победата на Интер автоматски ќе им даде право да се преселат во нокаут фазата, додека за Барселона ова е рутински натпревар кој нема преголемо значење, затоа што го обезбеди првото место во групата. Италијанските медиуми пишуваат и за можниот состав на тренерот Конте, кој има само едно сомнение.
Тоа е десното крило, каде што се двоуми помеѓу Бираги и Лазаро. Италијанецот е подобар и најверојатно ќе биде стартер, додека Д’Амброзио ќе игра на другата страна, со тоа што Кендрева е надвор од комбинација поради повреда.
Во центарот на средниот ред Конте е без опции, бидејќи ќе играат Брозовиќ, Борха Валеро и Весино, при што повредени се Сенси, Барела и Галјардини. Нападот не се менува, како и одбраната, каде игра Годин, Шкринијар и Де Вриј.
Интер (3-5-2) : Хандановиќ; Годин, Де Вриј, Шкриниар; Д’Амбросио, Весино, Брозовиќ, Борха Валеро, Бираги; Лаутаро Мартинез, Лукаку.