Connect with us

Фудбал

Потоп во Истанбул, мечот Галатасарај-Манчестер Јунајтед под знак прашалник (ВИДЕО)

Силен дожд и обилни врнежи во Истанбул попладнево. Судиите пред неколку моменти проверуваа каков е теренот, но каква е ситуацијата во моментов, тешко дека има услови за игра. Поради тоа мечот Галатасарај-Манчестер Јунајтед е под знак прашалник, односно можно е да не започне во предвидениот термин од 18:45 часот. Сепак, има уште време, па останува дали овој меч ќе се одигра во предвидениот термин, или подоцна, или на крајот ќе биде одложен.