Фудбал
Потпишал за Наполи, а поим немал во која лига ќе игра! – „Сине ние сме во Серија Б“
Љубителите на фудбалот сигурно се сеќаваат на бразилски фудбалер Матузалем, кој мина дури 13 сезони во калчолигашот Наполи. Тој овој пат откри две интересни анегдоти кога беше член на клубот од Неапол.
Јадев многу Моцарела, а поради толку сирење ја загубив физичката подготвеност, па тренерот Емилијано Мондонико почна да ме става на клупа, започна Матузалем.
Матузалем најголемиот дел од кариерата го мина во Италија, играјќи за Лацио, Пијаченца, Парма, Бреша, Џенова, Болоња и Верона, а се потсети како го третирале во редовите на Наполи. Но, кога пристигнал во Неапол во 1999 година не знаел во каква околина дошол.
Се посрамотив. Бев задоволен во Неапол, но не бев свесен за околината во која се наоѓав. Штом пристигнав, го прашав тогашниот тренер на Новелино кога игравме против Јувентус или Интер. Тој ми одговори: „Сите, сè уште сме во Серија Б”. За среќа, подоцна успеавме да влеземе во Серија А, признава Матузалем.
Vecer.mk