Други спортови
Потпишала таен договор со Ѓоковиќ, да не открива ниту еден збор! Која е жената во ложата на Ноле за која малку се знае?!?!
Покрај стандардните, Новак Ѓоковиќ има уште едно лице во ложата на своите натпревари. Камерите ја забележале и госпоѓата како седи до Јелена Ѓоковиќ, а набрзо било откриено дека таа е дадилката која ги чувала Стефан и Тара поради сите обврски кои ги имаат нивните родители. Поради тоа што поминува толку време со нив и што практично е член на нивното семејство и дека се јавни личности, морала да потпише договор. Тоа е договор за доверливост. На овој начин таа се обврзала јавно да не открива приватни информации од нивниот живот. Пред да биде ангажирана, таа помина низ бројни проверки и препораки од други.
Очигледно е дека ги исполнила сите очекувања и дека го прифатила начинот на воспитување и ставовите кои ги имаат Новак и Јелена кога се Стефан и Тара во прашање. Таа често патува со нив, минатата година првпат беше видена во јавноста на турнирот во Торино, а сега повторно е со семејството Ѓоковиќ во Лондон.