Фудбал
Потпишан договорот, Градскиот стадион во Штип добива нова трибина, таму ќе игра и репрезентацијата?!
ФФМ преку „Хет-трик“ програмата на УЕФА ќе ја финансира изградбата на новата западна трибина. За една година новата трибина на стадионот во Штип ќе има капацитет од 2.400 места за седење, ВИП ложа, простор за медиуми и за лица со инвалититет, а во поттрибинскиот простор соблекувални и простории за службени лица по стандардите на УЕФА и ФИФА. Преку овој проект, новиот стадион во Штип нѐ само што ќе стане вистински фудбалски дом за штипската гордост, ФК Брегалница, туку би бил прилика и за македонската репрезентација да биде домаќин на важни квалификациски натпревари.