Connect with us

Тајмаут

Потребни се неколку дена за да се извлече телото на Брајант од зоната на хеликоптерската несреќа

Властите во областа Лос Анџелес соопштија дека ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата на Коби Брајант и осум други лица кои загинаа во трагичната несреќа во неделата.

Кошаркарската легенда Брајант заедно со неговата ќерка и седум други лица ги загубија животите како резултат на хеликоптерската несреќа.

Еден ден по трагедијата што го потресе светот, властите во Лос Анџелес велат дека теренот во Калабасас, каде што се срушил хеликоптерот, е многу тежок, па ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата.

Брајант, кој се повлече од НБА кошаркарската игра пред само неколку години, имаше само 41 година, додека неговата ќерка Џиана имаше само 13 години.

Дарил Озби, началник на пораната во округот Лос Анџелес, рече дека е многу тешко да се дојде до подрачјето на несреќата на хеликоптерот и дека пожарникарите морале да пешачат до таму.