Connect with us

Фудбал

Потврден датум на враќање на турскиот шампионат!

Турската фудбалска федерација потврди денес дека сезоната во Супер лигата 2019/2020 ќе продолжи на 12 јуни.

Така, продолжува трендот на држави и сојузи кои официјално одлучуваат да ги продолжат сезоните суспендирани поради новата пандемија на коронавирусот. И повеќето, како Турција, се насочени кон средината на јуни.

Турската фудбалска федерација денеска соопшти дека сите клубови се договориле и дека сезоната ќе продолжи, а беше решено да се дозволат пет измени по натпревар во Суперлигата за да им се олесни на екипите да го издржат жестокото темпо.

Продолжувањето на фудбалот во Турција е исто така многу важно за УЕФА, со оглед дека финалето на годинашното издание на Лигата на шампионите треба да се игра во Истанбул.

Турците ќе играат и во финалето на Купот, а распоредот за продолжување на сезоната е веќе објавен.

Во петок, на 12 јуни, ќе се одиграат два натпревари од 27. коло од Суперлигата, Гозтепе – Трабзонспор и Фенербахче – Кајзериспор.

Турската Супер лига беше прекината по одиграните 26 кола, а во моментот на прекинот, Трабзонспор и Басакшехир беа на првите две позиции со ист број на поени (53). Галатасарај е трет (50 бода), Сиваспор е четврти (49 бод), Бешикташ е петти …