Connect with us

Други спортови

Потврден е првиот случај на допинг на Зимските олимписки игри

Потврден е првиот случај на допинг на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Триесет и шестгодишниот Савех Шемшаки од Иран беше позитивен на анаболичен стероид, а требаше да ја претставува својата земја во слалом и велеслалом.

Шемшаки учествуваше на Зимските олимписки игри во Ванкувер пред 12 години и во Сочи пред осум години. Најдобриот резултат го постигна во Сочи каде беше 31. во слаломската трка.

„Спортист не може да се натпреварува, да тренира или да учествува во каква било активност на Зимските олимписки игри во Пекинг. Исто така, спортистот има право да го оспори изрекувањето на привремена суспензија пред Судот за спортска арбитража, а исто така има право да бара анализа на примерокот Б“, велат организаторите.

Искусниот скијач е еден од тројцата претставници на Иран на Игрите во Пекинг.