Поврзи се со нас

Други спортови

Потврдена доминација на првопласираните три екипи во пингпонгарската Суперлига

Скопје, 4 октомври 2020 (МИА) – Во пингпонгарската Суперлига викендов на распоредот беше  четвртото турнирско соочување во кое се одиграа шестото и седмото коло. Фаворитите не дозволија изненадување и го зацврстија своите места на табелата.

Со максимален учинок седум победи од исто толку натпревари екипата на Младост 96 е најсигурен кандидат за да презими на првото место на табелата. Следното, осмо коло на 18 октомври ќе одлучи дали Шампион Фа или Младост ќе биде второпласирана екипа на крајот од есенскиот дел од првенството. На дното на табелата се наоѓа екипата на Струга кои во досегашниот тек на првенството нема забележано победа

Резултати Суперлига 6. коло:
Работнички – Струга 4:2
Вардар – Младост 2:4
Нец – Радовиш 3:4
Шампион ФА – Крива Паланка 2007 4:2
Нец 2 – Младост 96 2:4

Резултати Суперлига 7. коло:
Младост 96 – Работнички 4:0
Крива Паланка 2007 – Нец 2 2:4
Радовиш – Шампион ФА 2:4
Младост – Нец 4:2
Струга – Вардар 1:4. зс

Advertisement

Facebook

Реклама