Connect with us

Фудбал

Потврдени 23 имиња кои ќе ги бранат боите на Бразил на Мундијалот

Бразилскиот селектор Тите уште во февруари ги откри имињата на 16 сигурни патници на Светското првенство, но проблем му направи повреда на Дани Алвеш кој опадна од почетната листа.

Денес Тите ја објави комплетната листа (23 имиња) за Светското првенство во Русија.

Еден од најголемите изненадувања е фактот дека Алекс Сандро од Јувентус нема да отпатува за Русија, а место во селекцијата на Бразил добија и двата фудбалери на Шахтјор, Фред и Таисон.

Бразилскиот национален тим за Светскиот куп ќе го сочинуваат следниве играчи:

Голмани:

Алисон, Едерсон, Касио.

Одбрана:

Марсело, Данило, Филипе Луис, Фагнер, Маркињос, Тијаго Силва, Миранда, Педро Жеромел.

Среден ред:

Касемиро, Фернандињо, Паулињо, Ренато Аугусто, Фред, Филипе Кутињо, Вилијан.

Напад:

Нејмар, Габриел Жесус, Даглас Коста, Фирмино, Таисон.