Фудбал
Потврдено: Хандановиќ го скрши прстот, го промашта дербито со Милан
Интер потврди дека голманот Самир Хандановиќ го скршил прстот на раката, но не посочи колку долго голманот ќе остане надвор од теренот.
Хандановиќ ја пропушти победата на Интер со 2:0 над Удинезе и се плаши дека може да биде надвор од теренот три до четири недели, што значи дека ќе го промаши дербито против Милан и Лацио.
Во соопштението за медиуми, Интер објави:
„Самир Хандановиќ ги помина медицински тестови по повредата што ја претрпел за време на тренинзите“.
„Резултатите покажуваат дека тој претрпел скршеница на прстот. Неговата состојба ќе се следи на дневна основа“, се вели во соопштението.
Степенот на неговата повреда и времето што ќе потрае за да се опорави не се знае точно, но за него е исклучително тешко да се врати за дербито против Милан во недела.