Фудбал
Потврдено отсуството во Ел Класико, Зидан го загуби лидерот
Реал Мадрид се подготвува за натпреварот против Барселона на Кам Ноу на 18 декември. Тимот од Мадрид доби лоша вест пред натпреварот со Каталонците. Тренерот Зинедин Зидан нема да го има на располагање Бразилецот Марсело.
Марсело е повреден и не започна ниту денес да тренира со тимот. Неговото отсуство е сигурно и на левата страна ќе го започне Менди уште од првата минута.

Зидан ќе го има Герет Бејл. Се очекува Велшанецот да го започне натпреварот против Барселона уште од првата минута. Предизвикот ќе биде клучен бидејќи ќе се одлучи за судбината на шампионот во Ла Лига.