Connect with us

Фудбал

Повеќе не е „Специјалниот“, му се подготвува отказ: Само една работа се уште го држи Мурињо во Рома!

Милан во неделата навечер ја победи Рома со 3:1 (1:0) и се чини дека го „потпиша“ отказот на Жозе Мурињо. И порано се тресеше клупата на славниот тренер, се зборуваше дека „волчицата“ ќе има трпение до крајот на сезоната, но американскиот сопственик Ден Фридкин сега сериозно размислува многу порано да го замени Мурињо.

Рома падна на деветтото место во поредокот, а Мурињо не го водеше натпреварот ниту од клупата, бидејќи претходно доби црвен картон, додека исчезна од трибините уште пред да заврши натпреварот.

„Специјалниот“ ги загуби сите „кредити“ и единствената причина поради која се уште не го сменија е од финансиска природа, бидејќи ќе мора да платат сериозни пари доколку не чекаат до крајот на сезоната. Сепак, тие би можеле да загубат многу повеќе ако ја пропуштат Европа со него на клупата.

Според извештаите од Италија, Мурињо знае дека има ултиматум дека мора да победи во следните два натпревари или ќе добие отказ, бидејќи ги потфрлил очекувањата на сопствениците, откако навивачите веќе кренале раце од сезоната. Сепак, клаузулата која ја имаше во Челзи, Тотенхем и Јунајтед значи голема исплата во случај на разделба, а во Рома не им оди најдобро со пари. Инаку, Мурињо на клупата на Рома е од 2021 година и со овој клуб беше шампион на Конференциската лига во 2022 година.