Connect with us

Тајмаут

Трамп се сретна со фудбалерите на Јувентус, им зборуваше за напад врз Иран, а потоа им постави лудо прашање!

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прими делегацијата на Јувентус во Овалната соба, а самото обраќање до медиумите беше исклучително интересно.  Јувентус го победи Ал-Аин со 5-0 во Вашингтон на Светското клупско првенство, а пред натпреварот, Трамп ја угости делегацијата на Јувентус во Овалната соба на Белата куќа. Трамп ги праша играчите на Јувентус дали Ал-Аин е добар тим, им посака среќа на американските фудбалери Вестон МекКени и Тимоти Веа, а потоа им се обрати на собраните новинари и зборуваше за планирање напад врз Иран, додека играчите на Јувентус стоеја зад него во неверица.

„Без разлика дали треба да се бориме или не, нема шанси да дозволам Иран да има нуклеарно оружје затоа што тогаш целиот свет ќе експлодира, а не можам да го дозволам тоа“, рече Трамп, пред да почне да озборува за својот претходник Џо Бајден.

„Тој не ги донесуваше одлуките. Никогаш не беше за отворени граници каде што луѓето доаѓаат од целиот свет, од затвори, од банди, од ментално болни луѓе. И никогаш не беше за тоа трансродовите лица да бидат прифатени насекаде или мажите да играат во женски спортови“, рече Трамп, пред да ги праша играчите и службените лица на Јувентус: „Може ли жена да игра за вашиот тим?“ праша Трамп, кој во февруари потпиша извршна наредба со која им се забранува на трансродовите лица да играат во женски спортови.

Извршниот директор на Јувентус, Дамиен Комоли, истакна дека Јувентус има женски тим. „Но, тие треба да играат против жени?“ праша Трамп повторно, на што присутната делегација на Јувентус кимна со главата.