Тајмаут
Некои ја обвинуваат за педофилија-Убавицата се огласи откако била со Јамал: Кога жена е со помлад маж е проблем, престанете (ФОТО)
Фати Васкез, заносната убавица која беше фотографирана со Ламин Јамал и означена како негова нвоа девојка, трпи критики од пошироката јавност. Причината е едноставна, таа е 11 години постара од него. Васкез има 29 години, а Јамал се уште не наполнил 18, што значи дека е малолетен, поради што трпи напади, а дел од јавноста на социјалните мрежи преку коментари ја обвинуваат за педофилија. По тој повод таа се огласи преку социјалните мрежи.

-Ме напаѓаат и се чувствувам неправедно. Прво на сите да им кажам, имам 29 години, сè уште не сум наполнила 30 години. Не сум направила ништо лошо; не сум повредила никого. Ова длабоко влијае на моето семејство и искрено, не сакам да ескалира понатаму.“ „Зборуваме за сериозни закани, навреди… Веќе е премногу.“ „Кога е постар маж, никој не кажува ни збор… Но, кога е жена со помлад маж, одеднаш станува проблем!“ „Само поминав неколку дена со Ламин, што е точно она што е прикажано на фотографиите. И тоа е тоа. Нема да кажам ништо повеќе, ниту пак сакам да го развијам или да го претворам во скандал, бидејќи за мене е сосема непотребно.“
Инаку, Фати Васкез е инфлуенсерка, воедно има и свој профил на сајтот „ОнлиФанс“. Со Јамал поминале неколку дена заедно на одмор на бреговите на Сицилија.