Connect with us

Тајмаут

Повеќе од 50.000 Јапонци дојдоа да го видат олимпискиот факел

Олимпискиот факел пристигна од Грција во Јапонија на 20 март, а десетици илјади Јапонци дојдоа да го видат факелот во регионот Мијаги.

Повеќе од 50.000 луѓе се собраа во Сендаи во регионот Мијаги, кој во 2011 претрпе нуклеарна катастрофа, земјотрес и цунами.

Некои чекаат стрпливо со часови во колона од 500 метри за да го видат Олимпискиот пламен. Со оглед дека пандемијата на коронавирусот владее во светот, тие носеа и заштитни маски.

„Чекав три часа, но погледот на олимписките пламени беше многу охрабрувачки“, изјави еден 70-годишник за „НХК“.

Турата на олимпискиот факел во Јапонија започна на 20 март и ќе трае 121 дена. Сè е скратено затоа што како што истакнаа организаторите заради коронавирусот, на прво место е здравјето на носачите на факелот.

Олимписките игри во Токио се предвидени да започнат на 24 јули, но нема да биде изненадување ако се одложат или пролонгираат поради пандемијата на коронавирус.