Connect with us

Фудбал

Повредата на Меси го шокираше ПСЖ, дали по Мбапе и тој нема да игра против Баерн Минхен?!

Пари Сен Жермен синоќа загуби од Марсеј и со тоа беше елиминиран во раната фаза од Купот на Франција, а денеска пристигнаа нови катастрофални вести за парискиот клуб. Имено, аргентинскиот ас Лионел Меси се пожалил на болки во мускулот на натпреварот одигран на стадионот Велодром, пренесува угледниот Л’Екип.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња го заврши натпреварот, но последователните прегледи покажаа дека има проблем. Поради овој проблем Меси сигурно ќе го пропушти гостувањето кај Монако кое е закажано за два дена.

Сепак, истиот извор наведува дека Меси би можел да го пропушти најголемиот предизвик на ПСЖ во досегашниот тек од сезоната, натпреварот против Баерн во Париз во Лигата на шампионите. ПСЖ се уште не се огласил со официјална изјава, па Л’Екип наведува дека клубот верува дека Аргентинецот би можел да се опорави до 14 февруари. Да потсетиме, Килијан Мбапе исто така поради повреда нема да биде во составот на ПСЖ на првиот меч на „Паркот на принцовите“.