Connect with us

Фудбал

Повредата на Жерар Пике се влоши

Дефанзивецот на Барселона Жерар Пике останува под знак прашалник за саботното гостување кај Бетис во 35. коло од шпанската Ла Лига . Тој беше заменет во 28. минута од мечот на Каталонците против Мајорка во последното коло, а последователните тестови покажаа дека повредата на левата нога му се влошила, тврди „Ас“.

Повредата веќе некое време го мачи 35-годишниот Шпанец и Жерар Пике најверојатно ќе мора да паузира и да го пропушти мечот со Бетис.

До крајот на сезоната во Примера, на тимот предводен од главниот тренер Чави Ернандез му преостануваат само уште четири натпревари, а се уште не е јасно дали Пике ќе може да се приклучи на некој од нив.