Фудбал
Повредата на Жесус не е сериозна, ќе се врати на теренот за ЛШ
Бразилскиот напаѓач на Манчестер Сити, Габриел Жезус има повреда на коленото заработена на дуелот против Кристал Палас кој заврши 0:0.
Тој има повредени лигаменти на коленото и најверојатно ќе биде надвор од терените нешто повеќе од еден месец, потврди Манчестер Сити.
20-годишниот Жезус беше принудно заменет од Серхио Агуеро во 23. минута од дуелот одигран на 31 декември.
Му благодарам на Господ затоа што не сум толку лошо и не треба да одам во операција, напиша Бразилецот на неговиот Инстаграм профил.
Се очекува Жесус да се врати на теренот во рок од 4-6 недели.
Манчестер Сити има 12 поени пред Манчестер Јунајтед на врвот на Премиер Лигата.