Connect with us

Други спортови

Повредите не ја оставаат на мира, поранешната тенисерка број 1 предвреме ја завршува сезоната

Руската тенисерка Марија Шарапова предвреме ја затвори сезоната 2019.

Поранешната светска тенисерка број 1 најави дека веќе нема да игра на ниту еден турнир за остатокот од оваа сезона. Руската убавица реши да одмори, да има повеќе време да се опорави од повредата на рамото и да се врати во форма во јануари 2020 година.

Шарапова се повлече минатата недела од турнирот во Линц (Австрија) и пред само неколку часа потврди дека нема да се натпреварува ниту на турнирот во Луксембург.

По тие две повлекувања, Шарапова најави дека нема да игра оваа сезона. Нејзиниот последен натпревар е оној на УС Опен, кога беше поразена во првото коло од Серена Вилијамс.