Connect with us

Фудбал

Познат холандски фудбалер исчезнал, го барале цела вечер, па го пронашле предозиран во хотел!

Поранешниот холандски репрезентативец Дерил Јанмат (34) е на рехабилитација во Јужноафриканската Република, објавија холандските медиуми. Неодамна беше откриено дека поранешниот фудбалер има сериозни проблеми со алкохолот и дрогата, па неговите пријатели решиле да го пријават на клиника за зависности бидејќи работите излегле од контрола.

Неофицијално, Јанмат неодамна бил баран цела ноќ во Шевенинген бидејќи бил пријавен за исчезнат. Исчезна по забавата и беше пронајден дури во зори, на другиот крај од градот во хотел. Според информациите до кои дојдоа медиумите во Холандија, несреќниот Јанмат во тој момент бил дезориентиран, но и под дејство на алкохол и дрога.

Некогаш многу добриот десен бек на холандската репрезентација потоа беше испратен во Јужна Африка, која веќе стана место каде Холанѓаните страдаат од зависност, со надеж дека тоа ќе му помогне да тргне на вистинскиот пат по неколкугодишно талкање. .