Connect with us

Кошарка

Познат кошаркар ја загуби битката со тешката болест

Немања Миjковиќ, некогаш многу талентиран кошаркар, почина на 31-годишна возраст по битката со тешко боледување.

Момчето, родено во Белград, својата професионална кариера ја започна во Земун во 2008 година, а две години подоцна стана член на Виена.

Тој во својата кариера смени неколку клубови, а интересно е што играше за естонски Парну дури во три наврати .

Кариерата ја заврши во тој клуб, кога му беше дијагностицирано сериозно заболување.

Миjковиќ играше на позицијата крилен центар.