Connect with us

Тајмаут

Познат НБА кошаркар не сакал се*с пред бракот, а девојките од собата ги „бркал“ со гласни молитви

Познатиот НБА кошаркар Еј Си Грин, во светот на кошарката беше познат по прекарот „Железниот Човек“. Овој прекар го добил поради одиграни 1192 последователни мечеви во 16 годишната НБА кариера, а во својот живот пропуштил само три меча во текот на втората сезоната.

Играл за „Лејкерси“, потоа Феникс, Далас, Мајами, а освен по неговите квалитети, познат е и како религиозна личност.

Сите негови соиграчи, од клубовите во кои играл, речиси секоја вечер излегувале на забави, менувале девојки за една вечер, но тој не го правел тоа.

Поради своите религиозни убедувања, не сакал да има сексуални односи пред брак. Ја почнал, но и завршил кариерата без да спие со ниту една девојка, иако неговите соиграчи правеле се за да го сменат тоа.

Секојдневно му испраќале девојки во неговата соба. Меѓутоа, Грин никогаш не потклекнал. Кога некоја девојка би дошла кај него во соба, тој веднаш би почнал гласно да се моли, поради тоа девојките веднаш заминувале.

Од друга страна, Грин на паркетот бил вистинска ѕверка.

Невиноста Грин ја загубил дури откако ја напуштил НБА лигата, односно кога ја оженил Вероника, неговата денешна сопруга.