Connect with us

Фудбал

Познат патот за СП во Катар, Македонија преку два „фронта“ ќе се бори, кој е полесниот?

Европската фудбалска асоцијација определи како ќе се играат квалификациите за Светското првенство кое на крајот на 2022 година ќе се игра во Катар.

Во соопштението на УЕФА се вели дека квалификацискиот турнир ќе се состои од 10 групи. Победникот од секоја група ќе добие билет за Мундијалот директно. Екипите кои ќе бидат втори, како и двете најдобри екипи од Лигата на нации ќе учествуваат во плеј-офот, каде ќе се одредат добитниците на уште билети за СП.

Планетарниот фудбалски собир во 2022 година ќе се одржи во Катар од средината на ноември до средината на декември.

Секако, репрезентацијата на Македонија ќе има шанса да се бори за пласман на СП преку два фронта. Квалификациите за Мундијалот и Лигата на нации.